Шест новинари се притворени во Јужен Судан откако во јавноста протече вирална снимка на којашто шефот на државата Салва Киир Мајардит ненамерно се измокрил на официјална свеченоста на отворање на пат додека е интонирана националната химна, објави во саботата националниот синдикат на новинарите.
На почетокот од снимката којашто датира од средината на декември, 72-годиѓнито претседател Киир воопшто не бил свесен дека низ ногавицата од панталоните се шири дамка која под неговите стапала се претвора во мала локва.
Камерманот кој ја снимал церемонијата брзо минал на друг кадар, а истовремено претседателот Киир и неговата придружба сфатиле што се случува. Снимката не е никогаш прикажана на телевизиските програми, но подоцна почна да кружи на социјалните мрежи.
Снимката ја доведува во прашање здравствената состојба и способноста за извршување на должноста на 72-годишниот претседател а истовремено го отвори и прашањето на етичноста во поглед на нејзиното објавување.
Новинарите, кои соработуваат со државната компанија „South Sudan Broadcasting Corporation“, биле приведени во вторникот и средата, изјави Патрик Ојет, претседател на Синдикатот на новинарите на Јужен Судан. Притворени се под сомневање за неовластено објавување на снимката.
За агенцијата Reuters Ојет рекол дека се „осомничени поради тоа што знаеле на кој начин снимката на претседателот кој уринира во текот на јавен настан протекла во јавноста“.
„Загрижени сме бидејќи колегите кои се во притвор, таму остануваат подолго отколку што тоа ги наложува законот“, додал Ојет.
Согласно законот, имено, јужносуданските власти осомничените смеат да ги притворат осомничените 24 часа пред да бидат изведени пред судот.
Министерство за информирање и националните безбедносни служби не одговориле на барањето на агенцијата за коментар.
„Инцидентот се совпаѓа со образецот во рамките на кој безбедносниот персонал со произволно притворање луѓе секогаш кога државни службеници сметаат дека известувањето е неповолно“, изјавил претседателот на Комитетот за заштита на новинарите за субсахарска Африка, Мутоки Мумо.
Владини претставници повеќепати во минатото ги демантираа шпекулациите на социјалните мрежи за лошата здравствена состојба на претседателот Киир.
Киир е на чело на државата откако Јужен Судан стекна независност во 2011 година. Од тогаш ниеднаш не се спроведени претседателски избори. Земјата се наоѓаше во судири поголем дел од минатата деценија.