Шест новозаразени само денеска во Липково

Општина Липково преку својата фејсбук страница информираше дека само денес се регистрирани шест нови случаи на коронавирус во оваа општина во Куманово.

„За жал, бројот на лица заразени од вирусот Ковид-19 во нашата општина сè уште е загрижувачки, и покрај нашите чести апели (молби). Бројот на заразени се повеќе и повеќе продолжува да расте, така што од 6 случаи регистрирани денес во кумановскиот регион, сите 6 се од нашата општина Липково“, пишува во објавата.

Од општина бараат граѓаните да се придржува кон препораките, да не се собираат и да не разговараат по плоштадите, пред маркетите, пред која било деловна зграда или на други јавни места. Да се почитува физичко растојание од најмалку 2 метри едни од други и да се користат заштитни маски и нараквици, пренесе ТВ21.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.