Шест органи истовремено пресадени на дете во Шпанија

Виктор, тригодишното момченце од Барселона со пресадени шест органи во болница во Мадрид (ASOCIACIÓN NUPA/EUROPA PRESS)

Момченце во Шпанија e отпуштно од болница по сложениот оперативен зафат за истовремена трансплантација на шест органи, на која чекало три години, пренесе во вторникот агенцијата Europa Press.

Операцијата за пресадување на желудник, црн дроб, дванаесетпалачно црево, дел од дебелото црево и панкреас била изведен во болницата „Ла Паз“ во Мадрид кон крајот на февруари, а детето од болницата е испишано минатиот петок.

Како што пишува агенцијата без наведување на други поединости, момченцето по име Виктор од Барселона било на листата на чекање речиси три години. Во целиот тој период за да се одржува во живот по 18 часа дневно било поврзано со апаратура која му осигурувала прарентерална исхрана.

Според мајката на момченцето, лекарите ѝ соопштиле дека нешто не е во ред со нејзиното бебе кога била во 27-та седмица од бременоста.

„По една од контролите со ултразвук, ми кажаа дека детето има гастрошиза (конгенитален недостаток на предниот стомачен ѕид, при кој јазлите на цревата, понекогаш и други органи, испаѓаат од во абдоминалната празнина)“, рекла мајката.

Естер Рамос, началник на одделот за трансплантологија во мадридската болница, рекла дека „и покрај сѐ, динамиката на Виктор беше беспрекорна“. „Тој беше на одделот за интензвина нега многу кусо врме и беше отпуштен само два месеца по трансплантацијата“, додала.