Шест патници и возач повредени при нагло запирање на автобус

едум лица се повредени, од кои едно потешко откако автобус нагло запрел.

Несреќата се случила вчера на ул.„Втора македонска бригада“ во Скопје, кога Ш.К.(45) од Скопје управувајќи со автобусот „даф“ нагло запрел, при што со повреди се здобиле шест патници и возачот.

-Со тешки телесни повреди се здобил Џ.Д.(59) од Скопје и бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Со телесни повреди се здобил возачот и А.И.(60), Т.В.(24), Љ.Б.(21), Е.И.(20) и Ќ.М.(58), сите од Скопје, по што Ќ.М. била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, а останатите четири патници биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.