Шест полициски службенички обвинуваат за мобинг и сексуално насилство

Шест полициски службенички вработени во МВР, повеќе од година дена биле изложени на сексуално вознемирување и полово дејствие со закани и континуирано психичко малтретирање, понижување и повредување на нивното достоинство со притисоци на работно место од страна на раководно полициско лице во полициска станица. Случајот полициските службенички го пријавиле во МВР, дел од нив усно а дел и писмено се обратиле но крајниот исход и понатаму бил ист, продолжување на сексуалното вознемирување од страна на раководното лице. Едната од полицајките се реши да проговори пред камера но со скриен идентитет бидејќи се плаши за нејзиниот професионален интегритет, го повика ОЈО и останатите надлежни институции да го расветлат случајот.

Раководното лице се служело со најразлични притисоци и уцени, откако неговите понуди биле одбивани од страна на полициска службеничка еве со какви закани пристапувал раководното полициско лице:

Оди си сега гледам си уплашена ама знам дека и ти сакаш и пази за ова што ти го нудам да не си кажала на никој зошто неможеш да замислиш што ке ти направам и кој сум јас” – Раководно полициско лице кон полициска службеничка вработена во МВР.

Од Независниот полициски синдикат бараат итни заштитни мерки за полициските службенички кои повеќе од година дена биле сексуално вознемирувани. Од таму потенцираат дека во моментов станува збор за 6 полициски службенички но се сомневаат дека бројот е поголем и ги повикаа надлежните институции да го истражат случајот.

За случајот побаравме став од МВР, а еве што велат од таму:

За случајот известени се Одделението за Крвни и сексуални деликти при СВР Скопје и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди кои веќе преземаат мерки и активности за негово расчистување и строго санкционирање. Веднаш по расчистувањето ќе ја известиме јавноста. МВР има строга политика околу Сексуално вознемирување, и го осудува како апсолутно неприфатливо и недозволиво.” – велат од МВР.

Откритијата што произлегоа од движењето #MeToo ширум Европа, покажаа колкав е размерот на сексуална злоупотреба и вознемирување на жените, но и нивната тешкотија да проговорат за овој вид насилство. Македонија е земја потписничка на Истанбулската конвенција. Каков ќе биде исходот од овoј случај каде полициски службенички биле сексуално вознемирувани од раководното лице на МВР останува надлежните да го истражат и расветлат случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.