Шест причини зошто треба често да јадете јаболка

Јаболката се вистинско богатство на здравјето, а нутриционистите откриваат дека зајакнувањето на имунитетот и спречувањето на дијабетес се само дел од причините поради кои треба почесто да ги консумирате.

Доколку сакате да го зајакнете имунитетот и да го подобрите целокупното здравје, нутриционистите истакнува дека тоа би можеле да го направите со јадење јаболка: – Јаболката, не се само вкусно овошје, тие се вистинско богатство на здравјето и чудо за нашиот организам – велат тие и открива кои се придобивките што треба да ве натераат да ги јадете почесто.

Кора од јаболко

Кората содржи многу влакна и антиоксиданси, или природни супстанции, кои помагаат во заштитата на вашите клетки од оштетување што може да доведе до рак, срцеви заболувања и мозочен удар.

Чуваат меморија

Фитонутриентите и флавоноидите, ги штитат клетките во вашето тело, вклучувајќи ги и оние во вашиот мозок. Ова овошје е исто така богато со антиоксиданси, кои помагаат при губењето меморија предизвикана од разни видови оштетувања на клетките.

Превенција од дијабетес

Флавоноидите во јаболката можат да ви помогнат да се одржат клетките во вашиот панкреас здрави и способни да ја вршат својата работа, што е важно за намалување на ризикот од дијабетес тип 2.

Контрола на тежината

Влакната во јаболкото помагаат да се чувствувате сити подолго време. Јаболкото исто така има низок гликемиски индекс, што значи дека нема да ви го зголеми шеќерот во крвта и да ве измами да мислите дека сè уште сте гладни.

Одржување на цревната флора

Јаболката се природен извор на пектин, растворливи влакна кои ја движат храната низ вашиот дигестивен систем и одржуваат редовно празнење на цреватаа.

Имунитет

Ова овошје не може да се натпреварува со цитрусното овошје и пиперките, но јаболката содржи 10 отсто од витаминот Ц што ви е потребен за одржување на вашиот имунолошки систем.