Шест војници загинаа во судири во источна Украина

Шестмина украински војници загинаа, а 18 се повредени во последните 24 часа во судири во источниот дел од земјата, изјави на прес-конференција во Киев портпаролот на Советот за национална безбедност и одбрана, Андриј Лисенко, пренесе МИА.

Претседателскиот советник Јури Бирјуков напиша на социјалната мрежа Фејсбук дека сепаратистите преземале офанзива кон аеродромот во Доњецк, со цел да ги потиснат владините сили оттаму.

– Бунтовниците утрово нападнаа. Има повредени од наша страна. Се водат тешки судири и ситуацијата е најтешка досега, напишал Бирјуков.

Лидерот на самопрогласената „Доњецка Народна Република“, Александар Захарченко ги обвини украинските сили дека употребиле хемиско оружје во престрелките во реонот на доњецкиот аеродром.

Фото: voeooz.com

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.