Шест загинати откако индиските воздухопловни сили случајно собориле свој хеликоптер

Индиското воено воздухопловство соопшти денеска дека кон крајот на февруари случајно собориле еден од своите хеликоптери за време на престрелката со пакистанските борбени авиони над индискиот контролен дел на Кашмир.

Шефот на индиските воздушни сили, Ракеш Сингн Бадурија го нарече инцидентот „голема грешка“.

Тој додаде дека ВВС ја завршиле својата истрага и дека се поведени постапки против двајца офицери.

Инцидентот се случил на 27 февруари, при што загинале шестмина припадници на ВВС.

Со ракета земја-воздух бил погоден хеликоптер Ми-17 во Кашмир.

Индија објави дека нејзините борбени авиони погодиле воен камп на ридот Балакот во внатрешноста на Пакистан на 26 февруари.

Во соопштението се вели дека во кампот биле членови на екстремистичка група одговорна за самоубиствен напад со автомобил-бомба во кој загинаа 40 индиски војници.