Шест знаци дека повеќе не сте заљубени

Реалноста е дека сѐ се менува со текот на времето и тоа воопшто не е лоша работа. Но, ако одненадеж почувствувате дека љубовта згаснала, размислете убаво, најчесто тоа е првиот сигурен знак дека треба да ставите крај.

Ова се 6 знаци кои се доказ дека повеќе не сте заљубени:
Има недостаток на почит
Постојат две работи кои сите ги заслужуваат во здрава врска: љубезност и почит. Кога почитта кон другата личност ќе исчезне, престанувате да се слушате едни со други. Почнувате да се препирате, да си дофрлувате, да си префрлувате… и полека но сигурно, престанува и љубовта.

Не мислите на партнерот во моментите кога не сте заедно
На почетокот сигурно не можевте да функционирате нормално поради пеперутките во стомакот, но ако возбудата се истроши и често го заборавате вашиот партнер, во неволја сте. Ако тој не наоѓа место во вашите мисли во текот на денот, прогнозите не се добри.

Не ја чувствувате другата личност како посебна
Кога личноста со која сте, повеќе не е посебна за вас, тоа значи дека сте почнале врската да ја земате здраво за готово. Ако таа за вас сега е само уште една риба во морето, многу веројатно дека повеќе не сте заљубени.

Не ве привлекува повеќе
Привлечноста е нешто што доаѓа и си оди. Ако сте му лути на партнерот, веројатно не ви е привлечен во тој момент. Бидете свесни за причините зошто вие и вашиот партнер не сакате да имате секс и обидете се да ги посочите.

Физичката интимност е клучен дел од здрава, љубовна врска, па ако не можете да си ги објасните причините, најверојатно се одљубувате.

Се чувствувате апатично
Една од најважните задачи кога сте во врска со некого е вистински да се грижите за неговите чувства и емоции. Кога ќе престанете да се грижите, другото лице се чувствува изолирано. Ова ви ја отежнува комуникацијата, а тоа си има свои последици.

Поминувате малку време со партнерот
На почетокот, и сето време на светот да го имате ќе ви биде малку. Впрочем, има толку многу нешта што сакате да ги дознаете и научите еден за друг.

Но, кога сте заедно одредено време, треба да направите заеднички напор да поминете време заедно. И кога ќе стигнете до точка кога уживате во оддалеченоста од другата личност, па дури и го одбегнувате, запрашајте се дали можеби веќе не сте заљубени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.