Шестгодишник тешко настрада во сообраќајна несреќа во Куманово

Шестгодишно дете кое возело велосипед е тешко повредено во Куманово во неделата, откако учествувало во несреќа со четирицикл управуван од возрасен маж.

На 07.06.2020 во 15.30 часот било пријавено дека на крстосница од улиците „300“ и .„260“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу четирицикл „јамаха“, со бугарски национални ознаки, управуван од 46-годишниот С.Ј. од Куманово и велосипед управуван од шестгодишно дете од Куманово.

По незгодата, велосипедистот бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово