Шестгодишно дете почина по пад од трактор во Дебреште

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера починало шестгодишно дете по пад од трактор во с. Дебреште, прилепско.

– На 22.07.2020 во 19.40 часот во с.Дебреште, прилепско, додека А.А.(27) од с.Дебреште управувал трактор „имт-539“, без регистарски таблици, од тракторот паднало шестгодишно дете, кое се превезувало со него, и се здобило со повреди, по што било пренесено во Градска болница Прилеп каде што лекар констатирал смрт, се наведува во билтенот на МВР.

Увид извршила екипа Полициската станица Прилеп во присуство на Јавен обвинител.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.