„Шестка“ на Сити, рекорд на Агуеро, дербито на дното за Вотфорд

Во средбата од 22-то коло од англиското фудбалско првенство Манчестер Сити на гостувањето ја победи Астон Вила со 6:1, додека Вотфорд  во дербито на дното на табелата како гостин со 3:0 го порази Борнмут.

Актуелниот англиски шампион протатне низ Бирмингем поразувајќи ја Астон Вила дури со 6:1, со што по поразот на Лестер се врати на втората позиција на табелата.

Играч на мечот беше Аргентинецот Серхио Агуеро кој постигна три погодока, во 28, 58 и 81 минута, впишувајќи го рекордниот „хет-трик“ во историјата на Премиер лигата. Агуеро досега го делеше овој рекорд заед со Алан Ширер, додека трет е Роби Фаулер со девет „хет-трика“.

Два гола постигна Ријад Марез во 18 и 24 минута, а еден Габриел Жезус во последните моменти од првото поливреме, додека во последните моменти од средбата стрелец за Астон Вила од пенал беше Анвар Ел Гази.

Во вториот неделен меч, во дербито на дното, Вотофрод на гостувањето го победи Борнмут со 3:0, побегнувајќи од зоната на испаѓање. Стрелци за гостите беа Абдулаи Дукур во 42, Трој Дени во 65 и Роберто Перејра во втората минута од судиското продолжение.

Ова е петтата побведа на Вотфорд сезонава, при што е трета во низа. Борнмут, пак, го впиша четвртиот пораз во последните пет кола со едно реми, и се наоѓа на 19-то место кое води во понизок ранг.

На табелата води Ливерпул со 61 бод, со меч помалку, втор е Манчестер Сити со 47 бодови, а трет е Лестер Сити со 45 бодови.

Последните три места кои водат во понизок ранг на натпреварувањеа се Астон Вила со 21, Борнмут со 20 и Норич Сити со 14 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.