Шестмина од ракометна репрезентација се заразени со Ковид-19

38

Шестмина од машката ракометна репрезентација на Македонија се позитивни на ковид-19, од кои тројца играчи и тројца тренери.

„Во пресрет на квалификациските натпревари за обезбедување пласман на Европското првенство 2022, со репрезентациите на Финска и Швајцарија, согласно протоколот од ЕХФ и протоколот за спроведување на ракометните натпревари, Ракометна федерација на Македонија. пред започнување на собирот, спроведе тестирање на ракометарите и стручниот штаб на сениорската машка ракометна репрезентација за рана детекција на ковид-19, при што позитивни тестови имаат тројца од стручниот штаб и тројца играчи“, соопшти Ракометната федерација.

Од тренерите позитивни на коронавирусот се:

-Александар Царчев – тренер на голмани,

– Никола Матлиески – помошник тренер

– Радослав Стојановиќ – помошник тренер.

Од играчите:

-Марио Танкоски,

-Мартин Велковски

– Мартин Поповски.

Контактите, како што јави МИА, се изолирани, а ракометарите и членовите на стручниот тим кои се позитивни немале контакт со другите тестирани членови на репрезентацијата кои се негативни на повеќе последователни спроведени тестирања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.