
Шест лица се повредени во сообраќајна несреќа што вечерва се случила на излезот од Гостивар.
Според првичните информации до полицијата, несреќата се случила пред околу еден час и во неа повредени се шест лица, од кои еден е тешко повреден.
Детаљи за несреќата се очекуваат наскоро.