12.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Шестмина заболени од коронавирус во маркет во Велес

На територијата на Велес во изминатите 24 часа се регистрирани три нови случаи на ковид-19, со што бројката на заболени се искачи на 58.

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес информираат дека се работи за две лица поврзани со веќе постоечки кластер членови на семејство на лице вработено во трговска дејност и едно лице вработено во Центарот за јавно здравје – Велес.

ТВ Телма, повикувајќи се на информации од Државниот санитарен здравствен инспекторат објави дека во овој маркет има шест вработени кои се заразени, но дека нема кластер на заразени купувачи.