Шестмина загинати на локалните избори во Турција

Немири, судири и жртви за време на локалните избори во Турција.

Според турските медиуми, најмалку шест луѓе загинаа меѓу членови на сопернички партии на локалните избори во турските окрузи Шанлурфа и Хатај, јужна Турција.

Две лица загинаа, а деветмина се повредени во судири во округот Хатај.

Во спор меѓу две семејства, кои поддржувале различни кандидати во округот Шанлурфа, убиени се четворица, а осум лица се повредени.

На денешните избори ќе гласаат  52.695.831 турски државјнани на повеќе од 177.000 избирачки места за претставници на локалната власт.