Шестотини млади американски војници тргнаа кон Блискиот исток

Шестотини повеќето млади војници од воената база Форт Браг во американската сојузна држава Северна Каролина, отпатува во вторникот кон Блискиот исток, а нивните крајни дестинаци се тајна.

Станува збор за дел од групата од 3.500 американски војници кои ќе бидат распоредени на Блискиот исток, а прво ќе допатуваат во Кувајт. Тоа се припадници на 82-та падобранска дивизија која е распоредена на Блискиот исток со најголемото „брзо прекомандување“ од земјотресот на Хаити во 2010 година. За најголемиот дел од нив тоа ќе биде првата мисија во странство.

Неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп го нареди убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во ирачката престолнина Багдад, се зголемија стравувањата од директен воен судир меѓу САД и Иран.

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер изјави во вторникот дека САД сакаат да ги намалат тензиите со Иран, но и дека Вашингтон е подготвен да ја заврши која и да е војна којашто ќе ја започне.

„Не бараме војна со Иран, но подготвени сме да ја завршиме. Сакаме да видиме деескалација на ситуацијата“, рече американскиот министер за одбрана.

Претходно во понеделникот Еспер рече дека американската војска нема да ги прекрши законите на војувањето со напади врз ирански културни знаменитисти, како што се закани претходно американскиот претседател Доналд Трамп. Во вторникот порача дека е убеден оти Трамп „ќе издава само законски наредби“. „Не ги кршиме воените закони“, рече министерот.

И самиот Трамп во вторникот истакна дека ќе го почитува меѓународното право и ќе се избегнува гаѓање на културни добра во воени напади, повлекувајќи ја својата претходна закана. Во саботата се закани дека доколку Иран се одмаздува за убиството на генералот Суелјмани, САД ќе нападнат 52 ирански цели, вклучително и локации важни за иранската култура.

Нападите врз спомениците на културата се сметаат за воени злосторства во меѓународното право, вклучително и на резолуцијата на Советот за безбедност при ОН која во 2017 година ја поддржа администрацијата на Трамп и Хашката конвенција за запштита на спомениците на културата од 1954 година.