10.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

Шевченко на „тенок мраз“ во Џенова

Украинската фудбалска легенда, Андриј Шевченко е на добар пат да добие отказ од италијанскиот прволигаш Џенова.

Оваа информација доаѓа од Апенините и тоа по поразот на Џенова од Специја (1-0) или поточно од директниот ривал за опстанок во Калчото. Шевченко дојде на оваа функција во ноември, меѓутоа не успеа да ја размрда екипата, да донесе нова енергија, бодови, а најдобар доказ за тоа е што нема остварено ниту една победа во Серија А, поточно се освоени само три бода (три нерешени).

Ако се остварат овие најави тогаш старо-нов тренер на Горан Пандев и компанија може да биде Давиде Балардини кој ја започна оваа сезона, а се споменува и Роландо Маран кој се уште е под договор со клубот од „Мараси“.

Џенова со 12 бода е на 19 место на табелата.