Шиитски лидер се приклучи на протестите во Ирак

12

Ирачкиот шиитски лидер Моктада Садр се приклучи на протестите против властите во Наџаф, светиот град на шиитите јужно од Багдад.

Аеродромскта служба на Наџаф соопшти дека Садр стигнал во градот.

Шиитскиот лидер со месеци повикуваше на оставка на владата во Ирак, каде се одржуваа протести во кои загинаа речиси 250 луѓе.

Протестите започнаа на 1 октомври поради корупција, невработеност и недостиг на основни услуги.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.