Шилегов бара од Општина Чаир да најде начин за уривање на дивогрдабата кај Мавровка

Општина Чаир објави трет тендер за избор на фирма за отстранување на нелегално изградени објекти на територијата на општината. откако на првите два тендери не се јави ниту една фирма сега општинарите ја зголемија проценетата вредност за договорот од еден на два милиони денари.

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов смета дека општина Чаир треба да најде начин и модалитет за рушење на дивоградбата кај Мавровка.

Според него постои и опција државниот градежен инспекторат да преземе активности и ингеренции за отстранување овој објект.