Шилегов: Би бил нобеловец ако знам каков снег ќе имаме во 2021 година

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, во врска со склучениот договор со компанија за чистење снег, кој досега не падна во Скопје, посочи дека  би бил добитник на Нобеловата награда, ако сега знае каков снег ќе падне во 2021 година.

– Не можеме да постигнеме насекаде да вршиме контрола. Мора да се изработи систем со кој ќе се одржуваат јавните површини. Што се однесува до фонтаната на плоштадот, таа е прескапо платена, а плочките не легнуваат како што треба. Од друга страна, кога зборуваме за снегот, Скопје е должно да има зимска служба за одржување на улиците. Би бил нобеловец ако во јуни оваа година знам каков снег ќе имаме во 2021 година – изјави Шилегов.