Шилегов ќе именува скопски улици во чест на Голема Албанија и на промената на името на Македонија

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов предлага именување на улици во Скопје во чест на договорот од Нивици, со кој беше направена промената на името на Македоноија, како и со имиња на личности од Призренската лига, која ја основала идејата и се залагала за формирање на Голема Албанија.

Вакви скандалозни предлози за нови имиња на улици во Скопје се:

  • Нивици
  • Призрени Имер (1820-1887), делегат на Призренската Лига
  • Шкупи Јашар Беј, (1860-1919), претседател на скопската филијала на Призренската лига и управител на Скопје во 1880 година.
  • Шуку Халим, делегат во втората Призренска лига. Градоначалник на Урошевац.
  • Ага Маткалиу Ибрахим, член на Скопскиот огранок на Призренската Лига

Призренска Лига

Албанска политичка организација основана на 10 јуни 1878 година во Призрен, во Косовскиот вилает во Отоманското Царство. Чувствувајќи ја заслабената позиција на Османлиското Царство, Лигата започнала програма за реформирање на пет политички делови: Одбрана на земјите населени со Албанци од интересите на Србија, Црна Гора и Грција; Создавање единствена провинција во Империјата која би се состоела од вилаетите Косово, Манастир, Јанина и Скадар; Формирање воена служба на територијата на Албанија; Создавање училишта за развој на националното образование; Контрола на финансии. Видни личности кои учествувале во работата на Лигата биле: Сами Фрашери, Пашко Васа, Абдул Фрашери како и 80-тина други делегати меѓу кои имало и племенски старешини и свештеници.

По предавањето на Улцињ на Црна Гора, Високата Порта почнала да се подготвува да ја ликвидира Призренската Лига. Албанците кои барале автономија Султанот ги прогласил за најопасни непријатели на Османлиското Царство. Во декември 1880 година на Косово започнале албански вооружени напади против османлиската администрација. Во вака влошена состојба, албанските патриоти сметале дека е дојдено време да се реализира програмата за автономна Албанија. Во почетокот на 1881 година тие организирале вонреден собир на Лигата во Призрен на кој учествувале само оние кои ја поддржувале програмата за автономија. Собирот решил да ги раздолжи од своите органи оние кои не ја подржувале автономијата. По прочистувањето на своите редови Лигата прогласила Привремена влада на чело со Имер Призрени – претседател, а за потпретседател бил избран Шаип Спахиу. По формирањето на Привремената влада, биле формирани и редовни воени сили како и нова администрација во ослободените краишта. Воените сили биле под команда на Сулејман Вокши. Во јануари 1881 година силите воспоставиле контрола на Косово и на одделни региони од северозападниот дел на Македонија. Но, во април 1881 година османлиските војски ги разбиле војските на привремената влада и извршиле невиден терор на Косово и во цела Албанија. Илјадници Албанци биле уапсени и казнети со тешка робија, меѓу нив и Абдул Фрашери, член на Привремената влада. Призренската Лига била прва национална организација на Албанците која со своите разграноци била распространета во сите албански области и била оставена во служба на националното движење. Со својата борба таа ги одбранила од распарчување албанските области на север и на југ од земјата, а со формирањето на Привремената влада таа ги поставила темелите на идната Албанска држава.

Голема Албанија

Идеја и програма за обединување на сите Албанци во голема албанска држава на Балканот со насилно присоединување на делови од Македонија, Србија, Црна Гора и Грција. Оваа идеја, е застапувана од Призренската лига (1878), а барала во албанската држава да влезат и неалбански етничко-историски територии.