Шилегов ќе се засилува со хаус мајсторот милионер од Центар?

Според информациите до кој дојдовме градот Скопје ќе го преземе од општината Центар, Кочо Стојчевски, кој од претходно ѝ е познат на јавноста по неколку мега скандали, и по тоа што од хаус мајстор стана инспектор на економскиот развој на општина центар.

Најверојатно новото место кое ќе го добие во градот Скопје е раководител на сектор за комунални работи. За Ваквото засилување на Шилегов доаѓа веројатно ќе се разговара на утрешната седница на советот на град Скопје.

Инаку во медиумите веќе се говореше дека токму компанијата на Стојчевски стои зад неколку градби на станбени објекти во Скопје. Таков е објектот кај ТОБАКО 2.

Изведбата на објектот ја прави фирмата Специјал Градба. Нејзиниот сопственик е Кочо Стојчески, бизнисмен и раководител на сектор за локален економски развој во општина Центар.

Во време на градоначалникот Андреј Жерновски Стојчески беше унапреден од хаус мајстор во инспектор во Центар.