Шилегов: Една година откако го обелоденив скандалот со медицински отпад, уште нема никаква правна завршница

Помина точно една година откако го обелоденив скандалот со несоодветен третман на медицински отпад, потсетува скопскиот градоначалник Петре Шилегов додавајќи дека тогаш со фотографии и видеа укажа како инспекторите пронашле расфрлани отпадоци со кој се „хранеа“ кучиња скитници.

-Една година потоа, скандалот нема никаква правна завршница. Поднесовме кривична пријава со очебијни докази, но виновниците не се изведени пред суд. Никој не е казнет за скандалозниот криминал.
Уште еднаш го повикувам обвинителството да ги изнесе виновниците пред суд, за да бидат соодветно казнети за еколошкиот криминал од минатата година.
Виновниците за ланскиот криминал со мора да бидат строго казнети, за никогаш да не се повтори такво злодело!
За Скопје можам да направам компромис, ама со Скопје нема да правам компромиси!, порача Шилегов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.