Шилегов: Годинава не сум каснат од комарец

Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, денеска пред новинарите откри дека годинава не бил каснат од комарец.

-Годинава не. Јас живеам во Тафталиџе немам слушнато дека имаме проблем, барем во соседството во коешто јас живеам, одговори Шилегов на новинарско прашање дали добива убоди од комарци.

Состојбата со комарците веќе е ублажена, вели тој и додава дека очекува в петок кога ќе заврши прскањето против возрасните комарци да заврши и маката на скопјани.