Шилегов и Лукаровска со спротиставени информации дали во СДСМ ќе дискутирраат за оставката на Заев

Членот на Извршниот и на Централниот одбор на СДСМ, Петре Шилегов пред почетокот на седницата на ЦО на партијата вво петокот вечерта изјави дека нема да се расправа за оставката на премиерот и лидер на партијата Зоран Заев, туку, како што рече, треба да разгледаат неколку сериозни позиции кои се однесуваат на формирањето на политичкото мнозинство, влезот на Алтернатива во Владата.

Според него, тоа е извесно да се случи и како што кажа, очекува тоа да биде примарно на дебатата и формирањето на Владата.

„Многу состојби ќе дискутираме, ковид, енергетската и политичката состојба во државата потоа ќе донесеме соодветни одлуки. Не знам дали ќе се расправа за оставката на лидерот Зоран Заев. Ова е редовна седница која беше закажана во вторникот меѓутоа се одложи поради немилите настани во Бугарија“, изјави Шилегов.

Меѓутоа, малку претходно заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, за новинарите пред партиското седиште изјави дека партијата вечерва прво ќе одржи седница на Извршниот одбор, а потоа и на Централниот одбор, на која ќе се разговара за повеќе различни теми, меѓу кои и оставката на премиерот Заев кој воедно  објави и дека се повлекува и од лидарската позиција на социјалдеморкатите. .