Шилегов избегал среде дебата на МТВ

Кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ, Петре Шилегов, избегал среде дебата на МТВ, а столчето останало празно, дознава Нетпресс од свои извори.

Причина за напуштањето на дебатата, како што вели нашиот извор било тоа што скопскиот градоначалник во заминување бил „соочен со критики од конкурентите и немал одговори, па сред дебатата станал и избегал“.

Посочената дебатна емисија ќе се емитува вечерва на МТВ 1 во 20:15 часот.