Шилегов кон Мицкоски: Ти одиш во Будимпешта по инструкции, јас по опрема за безбедноста на скопјани

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов преку Фејсбук одговори на обвинувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за набавката на противпожарната скала од Будимпешта.

„Додека ти Христијане ја замараш македонската и скопската јавност со своите лаги и конструкции, ние веќе правиме обука на персоналот и вршиме технички прием на противпожарната скала, новото добро во нашиот град. Прав си. Ти одиш во Будимпешта по инструкции, некој друг по опрема за безбедноста на скопјани“, напиша Шилегов.

Тој му порача на Мицкоски да продолжи и понатаму да се занимава со„ црнилото во својата душа“, а тој ќе продолжел да се грижам за безбедноста на скопјани