Шилегов: Латас за две години се стекнал со два стана

Само во две години, во 2011 и 2012 година, уредникот на ТВ Сител се здобил со два стана вредни 250 илјади евра, тврди портпаролот на СДСМ, Драган Павловиќ Латас.

„Тоа го покажуваат овие официјални документи од Катастарот за станбеното проширување на семејството Павловиќ. За две години, најмалку нови 200 квадрати на име Павловиќ, според овие достапни податоци. Ова е едниот Имотен лист. Според којшто уредникот на Сител, Латас, на 06 април 2012 година купил стан на Илинденска, во Карпош, од 107 м2 и помошни простории од 6 м2. Во вредност од околу 130 илјади евра. Ова е другиот Имотен лист. Година претходно, неговата ќерка добила ПОДАРОК СТАН. На 17 февруари 2011 година. Станот е од 87 м2 и помошни простории од 7 м2. Исто на Илинденска во Карпош. Со пазарна вредност од околу 110 илјади евра. Очигледно некој бил многу дарежлив кон ќерката на Латас“, вели Шилегов.

Пред овие два стана, вели Шилегов, семејството живеело во општествен стан во Центар од 127 метри квадратни и вредност од 150 илјади евра кој што сега се води на име на сопругата на Павловиќ.