Шилегов му подари на Вучиќ дрес од Црвена Звезда а не од Вардар

178

Слично како на премиерот на Албанија Еди Рама на кого му подари дрес од Јувентус, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на претседателот на Србија му подари дрес од Црвена Звезда со испишано име и број 1.

Познато е дека Вучиќ е голем навивач на Црвена Звезда и често оди на нивните натпревари. Но сепак не ја разбираме намерата на Шилегов, бидејќи чин на гостопримство е на на гостинот да му подариш нешто автентично од својата земја, а Вардар секако е тоа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.