Шилегов наместо за електронска зборува за електрична аукција за Градската куќа, ту знае ту не знае од што е загадено Скопје

Администрација на Град Скопје нема да остане во бараките, изјави градоначалникот Петре Шилегов во гостувањето на телевизија Телма. Сепак и покрај тоа што вели дека администрацијата на Град Скопје нема да остане во старите бараки, тој без одговор каде ќе се смести. Малку одговори на прашањата поставени до Шилегов на емисијата на телевизија Телма.

Продажбата на Градската куќа започна. Може да е Собранието, може Владата да се надвор од Центар, ама Градот никако, вели Шилегов Кому не му се допаѓа локацијата на Градската куќа, иако како што вели „оваа власт ја заврши градбата“.

Според него, овој објект не ги задоволува потребите за сместување на администрацијата на град Скопје или просторот е мал.

Шилегов неконцентриран од само нему можеби познати причини во текот на гостувањето со лапсузи рече дека ќе ја понудат Градската куќа на „електрична“ наместо „електронска“ аукција и оти се надева на повисока цена и како што рече „ќе направат некој бенефит“.

Во врска со отпадот и загадувањето вели формално не е под контрола на Градот Дрисла, но оти треба да биде.

Градот одлучи Дрисла да се формира одново, ама во Централен регистар и со шесте регистратори не можам да се разберам. Ако ова не заврши јас ќе побарам разрешување на директорката на Централен и регистраторите. Има Одлука од Градот, или со одлука на Совет се дава, со одлука на Совет на Град Скопје се враќа на Градот Дрисла. Централен одбива да ја спроведе одлуката на Советот на Град Скопје, рече Шилегов.

Скопскиот градоначланик немаше и прецизен одговор во врска со информациите дека во Макдонија се согорува отпад увезен од Италија.

Јас не верувам во тоа. МВР и Царина немаат такви сознанија, рече Шилегов.

Единствено што кажа е дека некој што знае и може да испита да му се јави за да видат од што точно Скопје е загадено, иако во еден момент спомена од каде се причините.

Најисвирканите локации дека загадуваат се Дрисла, Железара и Усје. Јас живеам во овој град, децата ми живеат тука, пратете го мојот телефон јас му стојам на распологање на секој што сака да испита што загадува, дури и ако тие инсталации не се во надлежност на градот. Ако постои експерт, стојам на располагање и ќе му дадам пристап до сите инсталици за да се види дали загадува, посочи Шилегов.

Иако е поминат повеќе од половина мандат Шилегов најави за март следната година видеоназдор на тротоарите, улиците по што ќе следат и казни.

„Ова е за да не се ставаат столбчињата со кои се спречува паркирањето на тротоарите“, рече „скопскиот татко“..