Нетпрес вчера објави документ во кој се гледа дека портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, во улога на претседател на второстепената комисија за јавни набавки на владата на СДСМ, ја фаворизирал фирмата СЕМОС во кој значителен удел во сопствеништвото има токму сопругата на Бранко Црвенковски, Јасна Црвенковска. Со одлуката на Шилегов, фирмата СЕМОС се враќа во трка на меѓународниот тендер за набавка на компјутерска опрема, кој го распишал Централниот регистар.
Денеска се објавени два нови документи, од кои се гледа дека Шилегов повторно одлучувал директно во полза на СЕМОС. Овој пат одлуките на Шилегов значеле доделување на набавките на фирмата СЕМОС каде еден од сопствениците е и сопругата на Бранко Црвенковски.
Запрашан за коментар за неговата работа како претседател на Комисијатa и фаворизирање на фирмата, СЕМОС Шилегов накратко изјави дека како претседател на таа комисија постапил по 3.500 предмети не давајќи прецизен одговор за наведената компанија и за сумата на добиени тендери.
„Додека бев претседател на Второстепената комисија, бев еден од петте луѓе и одлучив по преку 3.500 предмети,“изјави Шилегов.