Поранешниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов како што дознава ТВ21 се пожалил пред партиските органи дека поразот во Скопје била сосема неочекуван и се случил токму поради разединувањето на партијата.
„Кога никој не очекуваше изгубивме во Скопје“, рекол Шилегов веројатно алидурајќи на изјавата на Зоран Зеав кој во телевизиско гостување пред вториот круг од локалните избори самоуверено порача дека ќе поднесе оставка и од претседателсјита функција во СДСМ и од премиерската должност доколку партијата го загуби Скопје, што и доведе до сегашните избори на нови партиски функционери на социјалдеморкатите.
Новиот челник на СДСМ, Димитар Ковачевски, пак, пред партиските тела како што се дознава рекол дека новите предложени лица „не доаѓаат за функциите, туку напротив тие се веќе реализирани луѓе кои само ќе донесат дополнителна сила и обединување во партијата“.
Ковачевски повикал да не се создаваат фракции во партијата, бидејќи пред само еден месец разговарале за обединување, а единствен мотив на поранешниот лидер Зоран Заев бил да се врати партијата на власт.
Претходно ТВ21 објави дека Ковачевски повлече еден од десетината предлози за нови лица во партиските тела бидејќи бил на листата за советници на ЛДП за време на локалните избори, а тоа го дознал непосредно пред одржувањето на партиските тела.