Шилегов: Нема платено легализација за објектот кај Мавровка

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов вели дека за објектот кај Мавровка не е платена легализација како што тврди сопственикот.

-Нема платено легализација. Јас не знам дали е платен надоместок за приватизација на тоа земјиште каде што јас мислам дека е суштината на главниот проблем. Она што јас знам а ме информирал градоначалникот на Чаир, продажбата на тоа земјиште што за мене е недозволено, е извршено од страна на други органи а не од општината или Градот Скопје, ако се мисли на таков тип на легализација односно купување на земјиште, тогаш тоа е направено во постапка која што е водена пред централната власт а не пред општината или градот, вели Шилегов.