За само две години, 2010 – заклучно со 31 август 2012 година, 54 општини се задолжиле 17 милиони евра, тврди портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов на прес конференција повикувајќи се на информација од Владата.
„Повеќе од половина од оваа сума, над 9 милиони евра се долгови на основните училишта. Училиштата не плаќале за греење, за превоз на ученици, за струја, за вода. Како ќе се превезуваат ученици, како ќе се затоплуваат училници, ќе имаат ли светло во овие училишта. Неизвесно е. Причината е скандалозна. Вишок вработувања. Вработувале наставници повеќе од потребниот број. Ова не се пресметки на опозицијата. Ова се официјални владини податоци. Вице премиерот за економски прашања Пешевски оваа Информација ја добил од Министерството за финансии и бара итно мислење од министерот за образование, Спиро Ристовски“, вели Шилегов.
Според информацијата на која се повикува Шилегов, општините каде што има вишок вработени се Врапчиште, Битола, Струга, Кичево, Дебар, Охрид, Могила.