Шилегов пријавен на минималец, а за неработа од Собранието месечно зема 1.000 евра

Изјавата за имотната состојба на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, кој пријави дека има минимални примања се покажа како голема лага откако тој самиот призна колку заработува.

Пратеничката плата изнесува 1.000 евра месечно, што значи дека Шилегов веќе 14 месеци зема плата како пратеник, а нема ниту еден сработен ден. За неработење тој зел 14 илјади евра. Згора на се, овој човек вчера се пофали дека како адвокат цели 21 година заработува многу повеќе од она што му се исплаќа за политичката функција, пишува Курир.

Иако е пријавен на минималец, гласноговорникот на Заев поседува имот вреден половина милион евра, куќа на три спрата, стан и два автомобили. Бидејќи ова е надвор од секоја логика, Шилегов вчера беше прашан, но одби да одговори на кој начин со примањата кои ги пријавува се стекнал со овој вреден имот.

Иако постои судир на интереси за што беше прекорен и од Државната комисија за спречување на корупција, портпаролот од Бихаќка се уште е во исто време пратеник и управител на неговото адвокатско друштво.

Со оглед на фактот што самиот призна колку заработува од двете функции, јасно е за колкава сума на пари правникот Шилегов продолжува да ги крши законите.

Она што останува голема дилема е како, според информациите кои претходно излегоа во јавноста, Шилегов и неговата сопруга со просечни примања, како што пријавуваат во институциите, стигнале до куќа на три спрата од 313 метри квадратни, стан во Скопје од 88 метри квадратни и возат два автомобили „Мерцедес“ и „Ауди“.

Дали сега, откако призна дека заработува повеќе како адвокат, што значи повеќе од 1.000 евра колку што добива како пратеник, признава дека го изиграл законот и пријавува нереална сума на примања, а неоданочените приходи се поголеми?

За потсетување, Шилегов во периодот кога СДСМ беше на власт одлучувал во второстепената владина комисија за јавни набавки и одлучувал за тендери во корист на лица блиски до СДСМ, како на пример СЕМОС компјутери каде акционер е сопругата на Бранко Црвенковски, фирмата на финансиерот на опозицијата Мите (Брилијант), веледрогеријата Пановски и слично.

Пратеникот и правник Петре Шилегов и должи одговори на јавноста. Во период кога СДСМ лажно се залага за враќање на средната класа, партискиот портпарол живее како најбогат адвокат меѓу пратениците.