Шилегов се пофали дека се руши галијата во Вардар, граѓани му порачаа: За кратко ќе заминете во историјата на неспособен градоначалник

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денес на својот Фејсбук профил објави фотографии од демонтирањето на галијата која е поставена во водите на реката Вардар во центарот на Скопје.

Првата од 3-те галии во коритото на Вардар, почна да заминува во историјата. Скопје, една поинаква приказна, напиша Шилегов на Фејсбук.

Галииите во центарот на Скопје беа поставени во реката Вардар од централната и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ како дел од проектот Скопје 2014.

По овој пост, граѓаните револтирано му одговараа на Шилегов дека е прочитана книга и дека му се ближи крајот.

„Здрав човек не се фали со рушење“, „Само да уништувате, дали нешто направивте?“, „За кратко ќе заминете во историјата“, се само дел од револтираните коментари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.