Шилегов смета дека граѓаните не реагирале критички за неговиот претстој во Маврово

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, ја обвини опозицијата дека направила замена на тези по сознанието дека тој е на својот имот во Маврово додека главниот град беше затворен во тридневен карантин. Според Шилегов, опозицијата го искористила моментот да поентира во период кога не можела да најде забелешка на неговото работење.

„Очајот и немањето одговор на новите политики и услуги кои ги креира градот, опозицијата ја заменува со искористување на тезите за тоа каде сум бил и што сум правел. Јас ќе одговорам со уште поголем ангажман. Ние се уште немаме почнато, допрва ќе стартуваме со новите работи и проекти“, рече Шилегов.

Шилегов вели дека на неговиот претстој во Маврово не реагирале критички граѓаните, туку според него, станува збор за агресивна кампања од опозицијата против него.

„Не гледам револт кај граѓаните, тоа е спин од опозицијата. Никој не знае кога сум заминал, како живеам со моето семејство, не можат да најдат забелешка за работата и прават изместување на тезите, депласирана е таа вест, само зошто сум бил во своја куќа“, наведе скопскиот градоначалник.

Вчера, „Лидер“ објави дека Шилегов ужива во својата викендица во Маврово, додека скопјани се во карантин.

На фотографиите се забелележува дека неколку автомобили се паркирани во дворот на викендоцата на Шилегов, што значи дека освен што градоначалникот избегал од мерките на владата, со себе си понел и друштво со кое ужива во својата викендица.