Шилегов вети враќање, а Скопје доби затворање на езерото Треска

Пред почетокот на мандатот Петре Шилегов јавно на прес конференција вети возобновување на езерото Треска. 3 години потоа се затвора езерото Треска и тоа замира.Додека во Матка растат дивите платформи, Треска изградена со парите на скопјани целосно се руинира. Вистинското прашање е чиви бизнис интереси стојат зад затворањето на езерото Треска?, се вели во соопштението на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на град Скопје.

– Наместо црвена лента за возобновување езерото доби катанец. Ова е доказ за неспособноста и криминогеноста на градоначалникот Шилегов. Тој самиот ветуваше чуда и возобновување, сега сето тоа го заборави и тргна во заштита на бизнис интереси, велат тие.

– Шилегов да не се правда дека градот нема надлежности, тоа требаше да го знае уште кога ветуваше на скопјани чуда од езерото. Сега се случува распаѓање на езерото за да тоа припадне на бизнис моќници на власта, посочуваат од советничката група.