Шилегов за Сител: Вардар е приватен клуб, не можам да го преземам со 3.5 милиони евра долг

Ситуацијата во најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар не е добра. Клубот со една нога е во Втората лига, а финансиската состојба и натаму очајна. Градот кој се споменуваше како можност за спас на клубот и натаму останува надвор од игра.

Во изјава за „Сител“, градоначалникот Шилегов вели дека градот нема намера да го преземе клубот со долг од 3,5 милиони евра, затоа што Вардар бил приватен клуб.

„Вардар е приватен клуб. Некој одлучил да го продаде, а не нашол механизам како да се покријат трошоците. Јас не можам да го земам клубот со долг од 3,5 милиони евра“, вели Шилегов.

За најавената инвестиција од Катар, „градскиот татко“ додаде:

„Инвестицијата од Катар не е затворено прашање. Се додека не добиеме гаранција за враќање на средствата, повторувам дека нема да го земеме“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.