
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, смета дека за Универзалната сала треба да има референдум на кои граѓаните ќе одлучат што ќе се прави.
Градоначалникот зборуваше за салата по реакциите од страна на скопјани после најавата дека на местото на Универзална, ќе се гради парк.
Шилегов рече дека во игра се три опции за салата.
„Нема донесено конечна одлука за Универзалната сала. Има три опции. Првата е изградба на нова Универзална сала на постојната локација, втората е изградба на нова локација, и третата реконструкција“, рече Шилегов.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.