Шилегов заглавен во „Скопје 2014“, а ветерот му го однесе покривот од Хемиско

Невремето во Скопје и силниот ветер вчеравечер буквално денеска ги парализираше делови од градот.

Паднати бандери, одлетани покриви среде улица како и откорнати дрвја се само дел од штетите кои Градот Скопје „експресно“ утринава објави дека се санирани.

Додека Шилегов објавува фотографии од штети на објект од проектот „Скопје 2014“ предизвикани од синоќешното невреме, алудирајќи дека во периодот на минатата власт зградата била изградена неквалитетно, силниот ветер вчера ја откорна и покривната конструкција на средното хемиско училиште во Скопје „Марија Склодовска“. А, за неодамнешната реконструкција на училиштето скопскиот градоначалник даде речиси 45 милиони денари, и се колнеше во квалитетот на реконструкцијата на училиштето.