Шимоњак: Би било добро Македонија да добие покана за членство на самитот на НАТО во Варшава

Би сакал да истакнам дека претседателот штотуку ја најави отвореноста на Самитот во Варшава за нови членки и за нашите досегашни партнери. Верувам дека би била одлична вест доколку би можело да се испрати покана до Македонија и Црна Гора токму од Варшава.

Ова го истакна вицепремиерот и министер за одбрана на Полска, Томаш Шимоњак во говорот на Форумот во Вроцлав.

Тој посочи дека македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски, во својот говор на форумот добро ги изразил македонските аспирации за членство во НАТО и ЕУ.

– Од позиција на министер за одбрана, можам да кажам дека Македонија е најдобро тестираниот партнер на НАТО. Без ангажманот на Македонија толку многу години, немаше да можеме да ја имаме мисијата на Косово. Сметам дека тоа е само една од многуте причини заради кои треба да имаме специјална перспектива кон Македонија и сигурен сум дека ќе поработиме на тоа, нагласи Шимоњак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.