Шин Фејн предизвика тектонски потрес на ирската политичка сцена

Шин Фејн стана во вторникот втората најголема партија во ирскиот парламент, со што ја потресе тамошната политичка сцена и од некогаш маргинална партија со историски врски со Ирската републиканска армија (IRA) стана клучниот фактор за формирање на идната владејачка коалиција и стави крај на бипартизмот.

Пребројувањето на гласовите од ирските парламентарни избори заврши рано утрото во вторникот. Шин Фејн освои 37 од 160 пратенички места во идниот состав на Даил, долниот дом на ирскиот парламент. На претходните избори во 2016 година, партијата имаше само 14 пратеници.

Партијата од десниот центар Фиана Фал има само еден пратеник повеќе – 38, додека Фине Гаел, партијата на досегашниот премиер Лео Варадкар доби 35 пратеници, што веројатно ќе резултира и со негово заминување од должноста.

Шин Фејн кандидираше само 42 кандидати за долниот дом на парламентот со 160 мандати, па не се очекуваше дека самата може да биде решавачка, бидејќи другите две водечки партии ја исклучуваат коалицијата со неа. Преговорите за новата влада веќе започнаа, а сега Шин Фејн сака да ја има централната ролја откако доби 24,5 отсто од гласовите, најмногу од сите партии.

Според сложениот ирски изборен систем, гласачите даваат преференцијален глас за својот фаворит, но назначуваат и свој втори и трет избор, кај кои оди гласот доколу првиот избор не добие доволен број гласови за влез во Диал.

 

Крај на двопартизмот

Изборите во саботата ставија крај на двопартизмот на Фиана Фаил и Фине Гаил, двете партии од десниот центар, кои земјата наизменично ја водеа земјата стотина годинина. Во ова друштво влегува републиканскиот Шин Фејн од левиот од левиот ценатар, која досега беше отфрлан како политичко крило на IRA.

На поранешниот челник на Шин Фејн, Гери Адамас и на другите претставнции на партијата, дури им беше забрането јавно да настапуваат во Обединетото Кралство, додека во Северна Ирска три децении траеше крвопролевањето кои заврши со мировниот договор на Велики петокот во 1998 година.

По двете децении мир и под водство на новата челничка Мери Лу Мекдоналд, политиките на Шин Фејн по прашањата на кризата во домувањето и здравството позитивно беа прифатени кај гласачите. Мекдоналд истакнува дека двете главни партии биле „во состојба на негирање“ и не го слушале гласот на народот. Двете партии претходно ја отфрлаа можноста за коалицирање со Ѓин Фејн.

Заменичката на претседателката на партијата, Мишел О’Нил во понеделникот истакна дека партијата во коалициските преговори ќе бара одржување референдум за обединувањето на Република Ирска, која е дел од Европската унија, и Северна Ирска, која е покраина во Обединетото Кралство, каде што гласачите на референдумот од 23-ти јуни 2016 година глаасаа против излегувањето од ЕУ.

Мекдоналд во понеделникот објави дека започнала преговори со помалите леви партии, за да ја испите можноста да формира влада без некоија од двете големи партии од десниот центар.

„Би можела да бидам следниот поглавар (taoiseach)“, порача челничката на Шин Фејн, користејќи го ирскиот термин за премиер, „Шин Фејн победи на изборите, добивме најмногу гласови… Многу е јасно дека луѓето кои излегоа и го дадоа својот глас за Шин Фејн сакаат тој да биде на власт“, додаде.

Премиерот Леа Варадкар призна дека се случил премин во „Трипартизам“ и дека претстојните коалициски преговори може да бидат тешки. Преговорите меѓу двате најголеми партии по изборите во 2016 година траеја 70 дена. Фиана Фаил сега доби 22,2 отсто, а Фине Гаел 20,9 отсто.

„Ирскиот политички систем мора да реагира на тоа и веројатно ќе прифати Шин Фејн да биде дел од идната валда“, истакна за BBC, Еоин О’Мали, професор по политички науки на даблинскиот универзитет.

 

Поддршка од младите

Резултатите соопштени во вторникот изненадија и поради тоа што Шин Фејн имаше само 42 кандидати. Аналитичари сметаат дека остриот раст на популарноста ја изненадил и самата партија, и сметаат дека би остварила уште подобар резултат доколку на изборите излезеше со повеќе кандидати.

Фине Гаел и Фиана Фаил уште ја одбиваат коалицијата со Шин Фејн, поради нејзините претходни врски којашто партијата ја имала под водство на Адамс, кој долго негираше дека имал важна улога во IRA. Во трите децении на судири меѓи IRA, католиците со протестанскиет унионисти и британските сили во Северна Ирска загинаа околу три илјади луѓе.

Предлозите на Мекдоналд за борба против нееднаквостите и кризаата во домувањето, ги привлекоа младите гласачи во оваа членка на ЕУ која а има 3,3 милиони гласачи, а во саботата на избирачките места излегле 62,9 отсто. Околу 32 отсто од избирачи на возраст меѓу 18 и 35 години ја поддржале Шин Фејн, покажаа излезните анкети.

Показател за овие тектонски политики на ирската политичка сцеа е и резултатот на премиерот Варадкар кој во неделата загуби во својот изборен округ од кандидатот на Шин Фејн. Варадкар на крајот беше втор и влезе во Даил, но тоа претставува голем симболички удар за овој политички челник кој најверојатно заминува од функцијата.