3.8 C
Skopje
сабота, јануари 29, 2022

Шинид О`Конор заврши во болница неколку дена по смртта на нејзиниот 17- годишен син

665

Пејачката Шинид О’Конор е пренесена во болница само неколку дена по смртта на нејзиниот 17-годишен син Шејн.

Во статус на Твитер, Шинид откри дека била во полиција и набрзо била пренесена во болница.

“Решив да го следам син ми. Нема смисла да живеам без него. Уништувам се што ќе допрам. Оставена сум само за него, а сега го нема. Го уништив семејството. Моите деца не сакаат да знаат за мене. Јас сум орална личност. Сите мислите дека сум добро затоа што можам да пеам. “, напишала таа, загрижувајќи ги своите следбеници.

Таа набрзо се извинила за нејзините зборови.

“Жал ми е што ги вознемирив сите. Изгубена сум без моето дете и се мразам себеси. Болницата ќе ми помогне некое време”, рекла таа.

Да потсетиме, тинејџерот Шејн исчезнал на почетокот на месецот и полицијата веднаш тргнала во потрага, но набрзо била спречена.

„По откривањето на телото во Бреј во Виклоу во петокот на 7 јануари, потрагата по исчезнатиот 17-годишен Шејн О’Конор беше прекината“, изјавил портпаролот на полицијата.

Шинид има уште три деца, 34-годишниот син Џејк Рејнолдс, 25-годишната ќерка Роисин и 15-годишната Јешу.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.