Шинзо Абе стана најдолговечниот јапонски премиер

Јапонскиот премиер Шинзо Абе, кој повторно е на власт од декемеври 2012 година, во понеделникот е 2.799-ти ден на чело на Јапонија, со што стана најдолговечниот премиер во историјата на земјата.

Абе во понеделникот го собори рекордото на својот правујко Еусаку Сато кој владееше од 1964 до 1972 година.

„Се суди според она што ќе го постигнеш, не по тоа колку дена си бил на власт“, порача Абе во понеделникот откако по вторпат за неколку дена беше на лекарски преглед, поради што медиумите постојано се интересираат за неговата здравствена состојба.

Јапонскиот премиер Абе пати од улцерозен колитис, а влошувањето на болеста во 2007 година го принуди тогаш да ја напушти премиерската должност.

Неговото рекордно владеење доаѓа во периодот кога Јапонија се справува со новиот бран ширење на коронавирусот. Јапонската економија во вториот квартал на годишно ниво падна за рекордни 27,8 отсто во однос на ланскиот тримесечен период.

Владата на Абе е критикувана бидејќи не ги зголемила капацитетите за тестирање на вирусот, а ги потрошила парите на даночните обврзници на промоција на туризмот.

Јапонија севкупно од почетокот на пандемијата на коронавирусот регистрирала над 63.400 случаи на зараза со 1.200 смртни исходи, според податоците на тамошното министерство за здравство.

Анеката којашто во текот на викендот ја спроведе државната новинска агенција Kyodo покажува дека 58,4 отсто од испитаниците не се задоволни од владиното управување со епидемијата, додека 34 отсто го поддржуваат.