Шкендија ја прекина соработката со тренерот Шаќири!

Вчерашното реми на домашен терен против Македонија Ѓорче Петров (1-1) што донесе заостанување од седум бодови зад лидерот, заедно со лошиот европски настап летово, ја „примора“ управата на Шкендија да ги размрда работите, а прв чекор во тој правец е прекинот на соработката со тренерот Артим Шаќири.

Според информациите од клубот, до раскин е дојдено со взаемен договор.

„Клубот и тренерот сметаат дека прекинот на меѓусебната соработка во моментов најдобро можно решение и за двете страни. ФК Шкендија му се заблагодарува на Артим Шаќири за придонесот во периодот додека го водеше тимот и му посакува многу успеси во иднина“, стои во соопштението на Шкендија.

Легендарниот македонски репрезентативец седна на клупата на составот од Тетово во април годинава, прво како вршител на должноста, кога од позицијата спортски директор го замени дотогашниот предводник од клупата, Бруно Акраповиќ. Тој е третиот прволигашки тренер кој во една недела си замина од својот клуб, по Гоце Седлоски од Шкупи и Стојчев од Академија Пандев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.