Шкендија елиминирана од ЛШ, Мура славеше со 5-0

Шкендија доживеа дебакл на гостувањето кај Мура откако загуби со 5-0 во реванш натпреварот од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Тетовци покажаа уште на стартот дека се дојдени по триумф и неколку пати опасно се заканија кон голот на домаќинот, но голманот Матко Обрадовиќ беше на висина на задачата и ја зачува својата мрежа, по што казната за промашените шанси пристигна во 25. минута преку Лука Бобичанец (1-0).

Кривак со два жолти картони во за само три минути од 39. до 42. минута ги стави своите соиграчи во дополнителни проблеми, а во судиското продолжение од првиот дел домаќините дојдоа до водство и од 2-0 со вториот гол на Бобичанец.

Во второто полувреме Клепац во 55. и Кус во 64. минута ја продолжија агонијата на шампионот на Македонија, додека Клепац со својот втор гол во 87. минута ги постави конечните 5-0. За потсетување Шкендија загуби и на првиот меч кој се играше во Скопје со 0-1 и со вкупни 0-5 го заврши настапот во годинашното издание од Лигата на шампионите.