Шкендија не успеа ниту во Конференциската лига

Македонскиот фудбалски првак Шкендија ги заврши настапите во евро-куповите, откако вечерва во Скопје доживеа елиминација во 2-то коло од Конференциската лига.

Тетовци по неуспешните квалификации во Лигата на шампионите ова лето, добија шанса за поправен во второто  коло од новоформираното натпреварување на УЕФА, но повторно претрпеа два пораза, овојпат од летонска Рига.

Реваншот одигран во четвртокот вечерта на скопскиот стадион „Тодор Проески“ заврши 1:0 за гостите со голот на Микаел Соисало, 52 минута, додека во Летонија беше 2:0.

Доцна вечерва во Португалија реваншот од 2-то коло во КЛ го игра и Шкупи. Чаирчани на првиот меч на домашен терен беа поразени со 3:0, па гостувањето кај Санта Клара се очекува да биде само формалност

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.