Шкендија рутински до победа против Скопје

Во последниот натпревар од 24-тото коло Шкендија не дозволи изненадување и рутински го совлада Скопје на гости со 0:2.

До водство гостите од Тетово стигнаа по 22. минути игра со одличниот гол на Шала. Имаше иницијатива Шкендија и повеќе од играта, но на нов гол се чекаше се до финишот.т На десет минути до крајот Чинари стрела за потврда на триумфот.

Скопје со овој пораз ќе остане на 14-бода и во опасната зона на 10-тата позиција на табелата.

Победа е последна со бод помалку. Шкендија од дтуга страна е третопласирана со 41 бод, еден помалку од Шкупи, а пет помалку од лидерот Струга. Зад Шкендија е Силекс со 38 освоени бодови.